Компанијата „Алдора“ е основана во 2009 година во Виница, Македонија и по повеќе од 10 години мало семејно производство, прерасна во компанија која се занимава со голем број проекти како во Македонија така и во странство.
Нашата компанија се занимава со производство и монтажа на PVC, ALU и ALU-WOOD столарија со највисок квалитет по пристапни цени.
Нашиот асортиман на производи се состои од прозорци, врати, лизгачки системи, ролетни и мрежи против комарци изработени од високо и докажано квалитетни материјали со сертификати и гаранции. Сите наши производи се направени по мерка и според желбите на клиентот. Современо опремен производствен погон со центар за сечење и обработка и современи машини со висок степен на автоматизација на производството гарантира врвен квалитет на нашите производи и оптимални рокови за нивно производство.
Голем број задоволни клиенти, како сопственици на станови и куќи, така и инвеститори, сопственици на кафулиња, ресторани и разни видови деловни објекти се нашата најдобра референца која не препорачува како една од водечките компании во овој бизнис.