Сакате да го заградите вашиот двор или тераса, но истовремено да го задржите погледот и естетскиот изглед?

За разлика од минатото, каде што оградите се користеа за целосно изолирање и заштита на луѓето од остатокот од светот, денес модерната архитектура бара транспарентност и безбедност.

Алдора, нуди брза и квалитетна изработка и монтажа на алуминиумски огради (гелендери) од кружни и коцкасти профили во неколку варијанти на бои, стаклени огради за балкони и тераси како и алуминиумски панелни огради со порти.

Сите огради се карактеризираат со голема цврстина, отпорност на дожд и сонце како и зголемана сигурност. Притоа, фактор плус за да не изберете нас е експертизата што нашиот тим може да ви ја предложи според вашата желба и замисла.

Стаклените огради се сè поприсутни, како во внатрешноста, така и во надворешноста. Причината за тоа е употребениот материјал, кој може да се приспособи на секоја средина, бои и форми со својата проѕирност.
Алуминиумските огради се најотпорни и се изработени од алуминиумски профили (шипки) и поврзувачки елементи чии комбинации ни даваат различни форми и функционално прилагодени типови на огради. Најчесто тоа се огради од балкон, скали или тераса.
Оградите се направени по мерка и прилагодување на сите димензии и технички барања. Тие не бараат никакво одржување, полирање или бојадисување што ги прави вистинскиот избор за вас.
  • Оградите се направени по мерка и прилагодени на сите димензии и технички барања. Тие не бараат никакво одржување, полирање или бојадисување што ги прави вистинскиот избор за вас.
  • Професионална изработка и монтажа, lifetime servis и 5 годишна гаранција на квалитетот на столаријата и навремена испорака!

  • Ниту безбедноста на самата ограда не е доведена во прашање, бидејќи стаклото се стврднува низ процесот на калење и/или ламинирање, што го прави неспоредливо уникатно решение за огради.

ОГРАДИ ОД АЛДОРА

АЛУМИНИУМСКИТЕ ОГРАДИ

Се одликуваат со мала тежина, но со голема цврстина. Исто така, лесни се за одржување што е многу важно за многу купувачи.

ЕЛЕГАНТЕН ДИЗАЈН ЗА ВАШАТА КУЌА

Алуминиумските огради или гелендери се одличен и најекомичен избор кога станува збор за преградување на степеници, одмаралишта и сите видови на тераси. Моделите на оградите го составува нашиот искусен тим, секако заедно со ваша идеја. 

ГОЛЕМ ИЗБОР НА МОДЕЛИ И ПРОФИЛИ

Нудиме голем број на модели и профили во бои, во главно се во коцкаста и кружна форма. Се анкерираат длабоко во цврста основа и притоа добиваат голема цврстина на самите нив.

СТАКЛЕНИТЕ ОГРАДИ СЕ ДЕЛ ОД СЕКОЈ МОДЕРЕН И СОВРЕМЕН ОБЈЕКТ

Стаклените огради се одличен избор за естетско заградување со стакло во склоп со алуминиумски профили.

ИЗРРАБОТЕНИ СЕ СО ВИСОКОКВАЛИТЕТНО СТАКЛО

Типот на стаклото може да биде ламинирано (со фолија во средина) или калено, додека дебелината се определува според техничките перформанси на моделот на оградата. Во главно дебелината на стаклото се движи од 8мм до 14мм.

ИЗБОРОТ НА БОЈА Е ТВОЈ

Бојата на стаклото е ваш избор, најстандардни се транспарентно (бело), фиме (сива) и броза (кафено).

ОДЛИЧНА ДИСКРЕЦИЈА И МОДЕРЕН ИЗГЛЕД

Панелните алуминиумски огради се многу актуелни во последно време и во главно се намените за дворни преградување.

ЛЕСНО ОДРЖЛИВИ

Алуминиумот е материјал отпорен на сонце, влага и корозија, па затоа е многу супериорен во однос на другите материјали за изработка на огради како дрво или железо. Оградите од алуминиумски материјали не кородираат и што е најважно, не бараат дополнително одржување како пребојување и слично.

ИЗБЕРИ КВАЛИТЕТ

Панелните огради нудат одлична дискреција, голема цврстина и прекрасен модерен изглед кои се вклопуваат во многу градежни стилови. Изработуваме по ваша желба и од најиздржливиот алуминиум кој е отпорен на сите временски услови.