Енергетски ефикасни и одржливи АЛУ прозорци.

Алуминиумот има висока отпорност на атмосферски влијанија и поради таа причина се практикува за простори кои се изложени на сончева светлина и високи температури. ALU прозорците се еколошки бидејќи алуминиумот е материјал од природно потекло. 

Зошто АЛУ столарија од АЛДОРА?

  • Голем асортиман на бои
  • Заштита од навлегување на влага и вода во вашиот дом
  • Безбедна заштита од загуба на топлина на просторот за живеење
  • Одличната топлинска изолација во зима спречува загуба на топлина и навлегување на студ во вашиот дом
  • Одличната топлинска изолација спречува топлината да навлезе во станот во лето
  • Одлична звучна изолација
  • Современ дизајн
  • Еколошки оправдано
  • Екстремно пристапни цени
  • Издржливоста и доверливоста на ALU столаријата како и големиот избор на бои во комбинација со пластифицирање или анодизирање на алуминиумските прозорци ги става на прво место при изборот за вашиот станбен или деловен објект.
  • Професионална изработка и монтажа, lifetime servis и 5 годишна гаранција на квалитетот на столаријата и навремена испорака!

  • Погоден е за застаклување на станбени, деловни и индустриски објекти, а во нашата понуда можете да најдете и стандардна и нестандардна столарија.

АЛУ ПРОЗОРИ АЛДОРА

ЛАДЕН АЛУМИНИУМСКИ СИСТЕМ

Погоден за внатрешно преградување и места кои не се изложени на голема температурна разлика од надвор и внатре.

СПОРЕД НАЈСТРОГИТЕ ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ

Компетентен систем со термички прекин за врати и прозори од секаков тип. Овој систем може да се комбинира со евро жлеб или ПВЦ жлеб.

Технолошки најнапредниот систем на алуминиумска столарија понуден од Alumil. Опремен со најсовремен термички прекин, тој ги задоволува најстрогите европски стандарди според Институтот IFT Rosenheim во областа на топлинска и звучна изолација како и налетите на ветерот.

КАРАКТЕРИСТИКИ

  • Длабочина на профилот на рамката 76,5 mm
  • Длабочина на профилот на крилото 84 mm
  • Минимална видлива ширина 137 mm
  • Носивост на механизмот на крилата ≥ 130 kg
  • Дебелина на стаклото ≥ 62 mm
  • Вид на топлинска изолација – 34мм полиамид

ТОПОЛ АЛУМИНИУМСКИ СИСТЕМ

Отпорен на кондензирање, долготраен, со троен дихтунг и одлчина изолација.

СПОРЕД НАЈСТРОГИТЕ ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ

Системите без прекинат топлински мост се користат за производство на внатрешни елементи, подеднакво третирани со температурата однадвор и одвнатре. Покрај тоа, се користи и во згради каде топлинската изолација на профилите не е важна карактеристика, како што се производствени хали, стаклени прозорци и слично.

КАРАКТЕРИСТИКИ

  • Длабочина на основниот систем 45 mm
  • Голема разновидност на дизајни за надворешниот изглед на структурата
  • Голем асортиман на профили 
  • Длабочина на профилот на крилото 52 mm
  • Носивост на механизмот на крилата ≥ 130 kg
  • Дебелина на стаклото ≥ 32 mm
  • Специјален систем за заптивање Aluseal со три нивоа на специјални EPDM гуми

Шибер систем (лизгачки систем), со една, две или три шини. Погоден за внатрешно преградување како и преградување на тераси со двојно термопан стакло.

ЛИЗГАЧКИ СИСТЕМ VW

Модерни и практични системи.

ИДЕАЛНО РЕШЕНИЕ ЗА ГОЛЕМИ СТАКЛЕНИ ПОВРШИНИ

Откријте сосема ново животно искуство. Без разлика дали се работи за село или урбана средина – со максимална удобност при отворање и затворање, одлични енергетски перформанси и архитектонска додадена вредност.

ИЗБЕРЕТЕ СПОРЕД ВАШИТЕ ПОТРЕБИ

Различни барања може да се исполнат со нашите системи за лизгачки врати – за врати од балкони и тераси: поголема удобност во куќата, повеќе светлина и многу посебни услови за инсталација во одредени региони.