Термопанот е конструкција од две или повеќе стакла, меѓу кои има воздушен простор кој е создаден од различни по големина дистанционери и е херметички затворен. За да е со добри технички показатели еден термопан треба да има две нивоа на изолација.
Термопанот со две стакла се состои од дистанционерна рамка, наполнет со апсорбент (молекуларно сито), врз која двострано се става бутил. Овој бутил служи како бариера против премин на водена пареа (прв степен на изолација). Втората бариера е надворешното затворање на просторот меѓу стаклата и дистанционерот со полисулфид.
Дистанционерот служи за поделба на одредено растојание на стаклата, а затворената влага внатре заедно со воздухот при производството на термопанот се апсорбира од наполнетиот апсорбент. При правилно изработениот термопан не може да навлезе вода од надвор и не може да дојде до кондензација меѓу стаклата. Термопанот е околу 80% од целиот прозорец и најмногу влијае на изолациските карактеристики на прозорецот: топлинска изолација U(W/m 2K), звучна изолација R(dB), заштита од сонце или соларни фактор g(%), пропустливост на светлина (%).
Сите термопани во нашата понуда задолжително содржат нискоемисионо стакло, а на барање на клиентот високоенергетско стакло (4 сезони стакло) кое освен задржувањето на топлината во просторијата за време на грејната сезона, има улога и да заштитува од сончевата топлина за време на летните месеци.
Трет елемент кој има влијание на топлинската проводливост на прозорот освен профилот и стаклото кое е најважен фактор, е и дистанционерот помеѓу стаклата во термопанот. Стандардно помеѓу стаклата во термопанот се вградува алуминиумски дистанционер кој е слаб изолатор на топлина, додека дополнително нудиме high selective PVC дистанционер кој има многу подобри изолациски својства. Прозорците со вграден high selective PVC дистанционер имаат за 10% подобри изолациски својства во споредба со прозорци со стандарден алуминиумски дистанционер. Топлиот дистанционер исто така игра голема улога во намалувањето на кондензација на стаклата, посебно на краевите на стаклата.