БЛОГ

Зошто да инвестирате во нови прозори и врати?

БЛОГ

Инвестицијата во заштеда на енергија дефинитивно ќе се исплати за неколку години.

Ако, при пресметување на трошоците за пасивна градба, се сомневате во изводливоста на овој тип на инвестиција, ве советуваме и препорачуваме:

Инвестицијата ќе се исплати за 5-8 години, со оглед на постојаниот раст на цените на енергенсите. А изборот на прозорци – ПВЦ или Алуминиум?  

  • Пластичните (ПВЦ) прозорци се карактеризираат со стабилност, долг животен век и ниски трошоци за одржување. Како и малку пониска цена и одлична изолација. ПВЦ е еколошки материјал, бидејќи може целосно да се рециклира без компликации.
  • Алуминиумските прозорци и врати за разлика од ПВЦ материјалот кој важи за поефтин материјал, сепак имаат други предности со кои се издвојуваат: имаат подолг рок на траење и се издржливи, имаат предност за носење и издржување на поголема застаклена површина односно поголеми отвори. 

ПЛАНИРАТЕ ДА РЕНОВИРАТЕ?

Кај постарите згради/домови најчесто наидуваме на големи топлински загуби. Затоа, кога почнуваме да реновираме куќа или стан, најмногу сакаме поголема заштеда на енергија – на топлинска енергија, а со тоа и заштеда во паричникот. Прозорците се меѓу важните виновници за големите загуби на топлина. 

Затоа, при реновирањето, една од централните дилеми е кои прозори да ги избереме за да го направиме нашиот реновиран дом удобен, убав и секако енергетски поефикасен отколку што беше досега. Изберете прозорци кои одговараат на вашиот тип на зграда/дом, со застаклување и додатоци кои навистина ви се потребни.

Пластичните прозорци се нашата прва препорака 

Во зависност од потребата и желбата на клиентот, ние сепак препорачуваме пластични прозорци при реновирање. Произведуваме и нудиме и алуминиумски прозорци во нашата продажна програма, но сепак ги препорачуваме овие повеќе за деловни згради. За обични реновирања најдобро решение се пластичните прозори од семејството на РОЛОПЛАСТ со 5 коморен профил, а за потешките реновирања или потребата од постигнување на поголем степен на изолација и заштита ги препорачуваме прозорите од семејството ВЕКА како што се ВЕКА SOFTLINE со широчина од 70мм и 76 мм профили, со исклучок на VEKA SOFTLINE (82мм) седум коморен профил, кој го препорачуваме за зградите кои бараат енергија највисока класа.

Најважната причина за избор на ПВЦ

Цената е причината поради која повеќето луѓе ретко јавно признаваат дека е најважна. Секој од нас е финансиски ограничен, па затоа сме принудени да избираме во опсегот на цени што можеме да си го дозволиме.  

ПВЦ прозорите се достапни на пазарот во сите ценовни рангови. Кои се работите кои влијаат на цената на прозорците? Во зависност од кој производител или профил ќе го изберете зависи и цената на прозорците. На пазарот за ПВЦ профили во денешно време постојат огромен број на профили од кои секој е различен од другиот по одредени својства, дебелина на профил, мекост, издржливост, број на комори или дизајн. Затоа ние во АЛДОРА со долгогодишното искуство во оваа област имаме понуда од одредени профили за кои сметаме дека ги исполнуваат стандардите за квалитет и беспрекорна функционалност, кои се проверени и докажани во текот на досегашното наше искуство. Затоа,  ѓи работиме профилите од брендовите на РОЛОПЛАСТ и ВЕКА за кои имаме потполна доверба ние како производители и изведувачи, а со тоа потполно слободно ги препорачуваме и на нашите клиенти чија доверба е исто значајна за нас.

We take processes apart, rethink, rebuild, and deliver them back working smarter than ever before.